Јован 11:40-43 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

40. Исус ѝ рече: „Не ли ти реков дека, ако веруваш, ќе ја видиш славата Божја?“

41. Тогаш го дигнаа каменот каде што лежеше умрениот. А Исус ги подигна очите угоре и рече: „Оче, Ти благодарам што Ме услиши.

42. Јас знаев дека Ти секогаш Ме услишуваш; но ова го реков заради народов што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти си Ме пратил.“

43. Кога го рече ова, извика со силен глас: „Лазаре, излези надвор!“

Јован 11