Јован 11:4-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“

5. А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар.

6. А кога чу дека е болен, тогаш остана уште два дни во местото каде што се наоѓаше.

7. Потоа им рече на учениците: „Да отидеме пак во Јудеја!“

8. Учениците Му рекоа: „Рави, сега сакаа да Те убијат со камења, и пак ли таму ќе одиш?“

Јован 11