Јован 11:11-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

11. Ова им го кажа, а потоа им рече: „Лазар, пријателот наш, заспал; но одам да го разбудам.“

12. Тогаш учениците Негови рекоа: „Господи, ако заспал, ќе стане.“

13. Исус го рече тоа за смртта негова, а тие мислеа дека говори за заспивање со сон.

14. Тогаш Исус рече отворено: „Лазар умре!

15. Но се радувам заради вас што не бев таму, та да поверувате – туку, да отидеме кај него.“

16. Тогаш Тома, наречен Близнак, им рече на учениците: „Да отидеме и ние да умреме со него.“

Јован 11