Јован 11:1-5 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Беше, пак, болен некој си Лазар, од Витанија, од селото на Марија и нејзината сестра Марта.

2. А Марија, чиј брат Лазар се разболе, беше онаа која Го помаза Господа со миро и ги избриша нозете Негови со својата коса.

3. Тогаш сестрите нарачаа по Него, велејќи: „Господи, ете, оној што го милуваш, болен е.“

4. Штом чу Исус, рече: „Таа болест не е за умирање, туку за слава Божја, за да се прослави Синот Божји преку неа.“

5. А Исус ги сакаше Марта, нејзината сестра, и Лазар.

Јован 11