36. а на Оној ли, Кого Го освети Отецот и Го прати во светот, вие велите: ‚Хулиш на Бога?‘ дека реков: ‚Јас сум Син Божји?‘
37. Ако не ги вршам делата на Мојот Отец, не верувајте Ми;
38. а ако, пак, ги вршам, макар што Мене не Ми верувате, на делата Мои поверувајте, за да разберете и поверувате дека Отецот е во Мене и Јас сум во Него.“
39. Сакаа пак да Го фатат, но Тој им се истргна од рацете нивни,
40. и пак отиде отаде Јордан, на она место каде што Јован крштеваше, и остана таму.
41. Мнозина дојдоа кај Него и говореа: „Јован не направи ниедно чудо, но сѐ што рече Јован за Него, беше вистина.“
42. И мнозина таму поверуваа во Него.