1. „Вистина, вистина ви велам: кој не влегува низ вратата во овчото трло, а прескокнува од друга страна, крадец е и разбојник;
2. а кој влегува низ вратата, пастир е на овците;
3. нему вратарот му отвора и овците го слушаат гласот негов, тој ги вика своите овци по име и ги изведува.
4. И кога ќе ги изведе овците свои, оди пред нив, овците одат по него, бидејќи го познаваат гласот негов;
5. а по туѓ човек не одат, туку ќе побегнат од него, зашто гласот на туѓиот не го познаваат.“