8. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината.
9. Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов.
10. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.
11. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија.
12. А на сите што Го примија – на сите што веруваа во Неговото име – им даде моќ да станат чеда Божји;
13. кои не се родија од крв, ниту по желба на телото, ниту од похот машка, туку од Бога.
14. И Словото стана тело и се всели меѓу нас, полно со благодат и вистина; и ние ја видовме Неговата слава, слава како на Единороден од Отецот.
15. Јован сведочеше за Него и велеше зборувајќи: „Ова е Тој за Кого реков: Оној, Кој иде по мене, Тој е пред мене, бидејќи постоеше порано од мене!“
16. И од Неговата полнота ние сите примивме благодат врз благодат;
17. зашто Законот беше даден преку Мојсеј, а благодатта и вистината станаа преку Исуса Христа.
18. Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.
19. И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“