Јован 1:4-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Во Него беше Животот и Животот им беше светлина на луѓето.

5. Светлината свети во темнината и темнината не ја опфати.

6. Имаше еден човек по име Јован, ис­пратен од Бога;

7. тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него.

8. Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината.

9. Беше Вистинска Светлина, Која го осветлува секој човек, што доаѓа во светов.

10. Во светот беше и светот преку Него постана, но светот не Го позна.

11. Дојде кај Своите, но Своите не Го примија.

Јован 1