Јован 1:18-28 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Кој е во пазувите на Отецот – Тој Го објави.

19. И тоа е сведоштвото на Јован, кога Јудејците испратија од Ерусалим свештеници и левити за да го прашаат: „Кој си ти?“

20. Тој призна и не одрече, туку објави: „Не сум јас Христос.“

21. И го прашаа: „Кој си, тогаш? Илија ли си ти?“ И рече: „Не сум.“ „Пророк ли си?“ И одговори: „Не.“

22. А тие му рекоа: „Па кој си, за да можеме да им одговориме на оние што нѐ испратија; што велиш за себе?“

23. Тој рече: „Јас сум глас на оној што вика во пустината: израмнете го Господовиот пат, како што вели пророкот Исаија.“

24. А испратените беа од фарисеите;

25. и го запрашаа велејќи: „Зошто тогаш крштеваш, кога не си Христос, ниту Илија, ниту пророк?“

26. Јован им одговори и рече: „Јас крштевам со вода, но меѓу вас стои Еден, Кого вие не Го познавате.

27. Тој е Оној што иде по мене, Кој беше пред мене, Кому јас не сум достоен да Му ги одврзам ремењата од обувките Негови.“

28. Ова се случи во Витанија, отаде Јордан, каде што крштеваше Јован.

Јован 1