19. Ти веруваш дека Бог е еден: добро правиш; но и злите духови веруваат, а треперат.
20. Не сакаш ли да разбереш, о суетен човеку, дека верата без дела е мртва?
21. Нели со дела беше оправдан Авраам, нашиот татко, откако врз жртвеникот го положи својот син Исак?
22. Гледаш ли дека верата дејствуваше заедно со делата негови, и дека преку делата, верата стана совршена?
23. И се изврши Писмото, кое вели: „Му поверува Авраам на Бога, и тоа му се сметаше за праведност“, и тој се нарече – пријател Божји.