1. Браќа мои, држете ја непристрасно верата во Исус Христос, нашиот Господ на славата!
2. Ако во вашето собрание влезе човек со златен прстен, во светли алишта, и влезе сиромав човек со проста облека,
3. па се загледате на облечениот во светли алишта и му речете: „Ти седни овде убаво!“, а на сиромашниот му речете: „Ти стој таму!“, или „Седни овде, крај подножјето мое!“,
4. зарем со тоа не покажувате пристрасност, и не станувате судии со лоши помисли?
5. Послушајте, возљубени браќа мои, не ги избра ли Бог сиромашните од овој свет да бидат богати во верата и наследници на царството, ветено од Него на оние кои Го љубат?