Јаков 1:15-22 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Потоа похотта, откако ќе се зачне, раѓа грев, а гревот, извршен, раѓа смрт.

16. Не мамете се, браќа мои возљубени.

17. Секој добар дар и секој совршен по­дарок иде озгора, симнувајќи се од Отецот на светлината, во Кого нема про­мени ни сенка од измена.

18. Зашто Тој нѐ роди по својата волја преку словото на вистината, за да би­деме првина меѓу Неговите созданија.

19. И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз за слушање, а спор за зборување, и бавен за гнев,

20. бидејќи човечкиот гнев не ја из­вр­шува Божјата правда.

21. Затоа, отфрлувајќи од себеси секаква нечистота и насобрана злоба, со кроткост примете го насаденото слово, кое може да ги спаси вашите души.

22. Бидете извршители на словото, а не само слушатели, мамејќи се сами себе.

Јаков 1