21. зависти, пијанство, пирови и други слични работи; однапред ви велам, како што ви реков и порано, дека оние што го прават тоа, нема да го наследат царството Божјо.
22. А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност,
23. кротост, воздржливост. Против такви нема закон.
24. Оние, пак, кои се Христови, го распнаа телото свое со страстите свои и похотите.
25. Ако живееме со Дух, по Духот сме должни и да постапуваме.