13. Вие, браќа, повикани сте кон слобода; но слободата ваша да не ви служи како повод за угодување на телото, туку со љубов служете си еден на друг.
14. Зашто, целиот Закон се извршува во еден збор, односно: сакај го ближниот како самиот себе.
15. А ако, пак, меѓу себе се гризете и јадете, пазете да не се истребите еден со друг.
16. Ви велам: живејте по Духот, и нема да им угодувате на телесните страсти.
17. Зашто, телото сака противни работи на духот, а духот – противни на телото; тие се спротивни еден на друг, за да не го правите она што сакате.