4. Зарем залудо толку многу претрпевте? Да беше само залудо!
5. Оној, пак, Кој ви Го дарува Духот и прави меѓу вас чудеса, преку делата на Законот ли го прави тоа, или преку пораката на верата?
6. Така, Авраам Му поверува на Бога, и тоа му се сметаше за праведност.
7. Знајте, пак, дека оние што се потпираат на верата, се синови Авраамови.
8. И Писмото, предвидувајќи дека Бог преку вера ги оправдува незнабошците, однапред му благовести на Авраам: „Во тебе ќе бидат благословени сите народи.“
9. И така, оние што веруваат, се благословени заедно со верниот Авраам;