9. Како што рековме порано, и сега пак повторувам: оној што ви благовестува некое поинакво Евангелие од она што го примивте – нека биде проклет!
10. Во луѓето ли сега барам благонаклонетост, или во Бога? Или, пак, на луѓето ли сакам да им угодувам? Ако бев сакал да им угодувам на луѓето, немаше да бидам Христов слуга.
11. Браќа, ве известувам дека Евангелието, кое јас Го проповедав, не е од луѓе,
12. зашто јас ниту сум го примил, ниту сум го научил од човек, туку преку откровение на Исус Христос.
13. Сте слушале и за моето некогашно поведение во јудејството, дека прекумерно ја гонев Божјата црква и ја разорував;
14. и дека во јудејството напредував многу повеќе од мнозина мои врсници, бидејќи бев голем ревнител за татковските преданија.
15. Кога Бог, Кој ме избра уште од мајчина утроба и ме повика преку Својата благодат, благоволи
16. во мене да Го открие Својот Син за да благовестувам за Него меѓу незнабошците, – веднаш, не го прашав ни телото, ниту крвта,
17. ниту, пак, отидов во Ерусалим кај оние што станаа апостоли пред мене, туку заминав за Арабија и пак се вратив во Дамаск.
18. А три години подоцна отидов во Ерусалим за да се видам со Кифа, и останав кај него петнаесет дена.
19. А, пак, од апостолите не видов никој друг, освен Јаков, братот Господов.
20. А за она што ви пишувам, еве, пред Бога велам дека не лажам.
21. А потоа дојдов во земјите Сириски и Киликиски.
22. На Христовите цркви во Јудеја лично не им бев познат,
23. туку само беа слушале дека оној, кој некогаш нив ги гонел, сега ја проповеда верата што порано ја разорувал.
24. И Го прославуваа Бога за мене.