Филипјаните 4:5-8 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

5. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!

6. За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,

7. и мирот Божји, што надвишува секој ум, ќе ги запази вашите срца и вашите мисли во Исус Христос.

8. Понатаму, браќа мои, на она што е вистинско, што е чесно, што е праведно, што е чисто, што е љубезно, што е достојно за слава, на она што е добродетел, што е за пофалба, само на тоа мислете!

Филипјаните 4