Филипјаните 4:18-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Добив сѐ и имам во изобилие, се пренаполнив со блага, кога го примив од вас испратениот дар преку Епа­фро­дит, кој е мирис сладок, жртва пријатна, благоугодна на Бога.

19. Мојот Бог, по Своето богатство, не­ка ја исполни секоја ваша потреба, за слава преку Христос Исус.

20. А на Бога, нашиот Отец, слава во вечни векови. Амин!

21. Поздравете го секој светија во Христос Исус! Ве поздравуваат браќата што се со мене.

22. Ве поздравуваат сите светии, а осо­бено оние што се од Цезаревиот дом.

23. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос нека биде со сите вас. Амин!

Филипјаните 4