Филипјаните 4:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. И така, браќа мои возљубени и мно­гу пожелни, радост моја и венец, стојте цврсто во Господ, возљубени!

2. Ја молам Еводија, ја молам и Син­ти­хија да бидат едномислени во Господа;

3. а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.

4. Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!

5. Кротоста ваша нека им биде позната на сите луѓе! Господ е близу!

6. За ништо не грижете се, туку во сѐ преку молитва и молба со благодарност изнесувајте ги пред Бога своите барања,

Филипјаните 4