1. И така, браќа мои возљубени и многу пожелни, радост моја и венец, стојте цврсто во Господ, возљубени!
2. Ја молам Еводија, ја молам и Синтихија да бидат едномислени во Господа;
3. а те молам и тебе, искрен сотрудниче, помагај им на оние што се грижеа во Евангелието заедно со мене и со Климент и со другите мои сотрудници, чии имиња се во Книгата на животот.
4. Радувајте се секогаш во Господа, и пак ќе речам: радувајте се!