26. та пофалбата ваша во Христос Исус да се умножува преку мене, кога повторно ќе дојдам кај вас.
27. Живејте само достојно за Христовото Евангелие, та, ако дојдам и ве видам, или пак во отсуство слушнам за вас дека стоите во еден дух, борејќи се еднодушно за верата на Евангелието,
28. и во ништо не се плашите од противниците; тоа е знак за нивната погибел, а за вашето спасение, и тоа е од Бога.