Евреите 7:7-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголе­ми­от.

8. Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има све­доштво дека е жив.

9. И, така да речам, Левиј, кој прима десетоци, и сам даде десеток преку Авраам,

10. бидејќи уште беше во бедрата на татко си кога го сретна Мелхиседек.

11. Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свеш­тенство, бидејќи врз основа на него на­ро­дот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон?

12. Зашто, кога ќе се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се измени и законот.

13. А Оној за Кого се зборува ова, се вбројува во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;

14. зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.

15. И уште појасно станува тоа кога се воздига слично на Мелхиседек друг свештеник,

16. Кој станал таков не по силата на те­лесна заповед, туку по силата на веч­ниот живот.

Евреите 7