2. кому и Авраам му даде десеток од сѐ, и кој по значењето на името негово е прво цар на правдата, а потоа и цар на Салим, односно цар на мирот.
3. Без татко, без мајка, без род, немаше ниту почеток на дните, ниту крај на животот и, по таков начин, е подобен на Синот Божји, и останува вечен свештеник.
4. Гледате ли колку е голем оној кому прататкото Авраам му даде десеток од најдобриот плен!
5. Оние од Левиевите синови, што примаат свештенство, имаат заповед да земаат по Законот десеток од народот, односно од браќата свои, иако и тие произлегле од бедрата Авраамови.
6. Но тој, кој не му припаѓаше на нашиот род, зеде десеток од Авраам и го благослови оној што беше примил ветувања.
7. Не може да има никаков спор дека помалиот се благословува од поголемиот.
8. Така, овде смртни луѓе земаат десетоци, а таму – Оној, за Кого има сведоштво дека е жив.
9. И, така да речам, Левиј, кој прима десетоци, и сам даде десеток преку Авраам,
10. бидејќи уште беше во бедрата на татко си кога го сретна Мелхиседек.
11. Па така, ако совршенство можеше да се постигне преку левитското свештенство, бидејќи врз основа на него народот доби Закон, каква потреба има да се воздигне друг свештеник по чинот на Мелхиседек, наместо по чинот на Арон?
12. Зашто, кога ќе се промени свештенството, тогаш се јавува потреба да се измени и законот.
13. А Оној за Кого се зборува ова, се вбројува во друго колено, од кое никој не беше пристапувал до жртвеникот;
14. зашто е познато дека Господ наш произлезе од Јуда, а за свештенството од ова колено Мојсеј ништо не рекол.
15. И уште појасно станува тоа кога се воздига слично на Мелхиседек друг свештеник,