Евреите 4:7-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

7. Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“

8. Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе по­тоа за друг ден.

9. Но, за народот Божји сѐ уште ос­та­нува саботна починка.

10. Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите.

11. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.

Евреите 4