5. И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“
6. И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност;
7. Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Денес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“
8. Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе потоа за друг ден.
9. Но, за народот Божји сѐ уште останува саботна починка.