Евреите 4:4-16 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

4. Зашто негде за седмиот ден е речено вака: „И во седмиот ден Бог се одмори од сите Свои дела.“

5. И на тоа место пак: „Не ќе влезат во спокојот Мој.“

6. И така, на некои им се отвори да влезат во него, а оние, на кои им беше порано проповедано Евангелието, не влегоа поради непослушност;

7. Затоа Тој пак определи еден ден „Денес“, велејќи преку Давид, по толку време, како што е речено погоре: „Де­нес, кога ќе го чуете гласот Негов, не стврднувајте ги срцата ваши.“

8. Зашто, ако Исус Навин им беше дал спокој, Бог немаше да зборува веќе по­тоа за друг ден.

9. Но, за народот Божји сѐ уште ос­та­нува саботна починка.

10. Зашто, кој ќе влезе во спокојот Не­гов, тој ќе се одмора од делата свои, ка­ко и Бог од Своите.

11. И така, да се погрижиме да влеземе во оној спокој, та да не би некој да падне во слична непослушност.

12. Зашто, словото Божјо е живо и деј­ствува и е поостро од секаков меч со две острици; и навлегува до разделување на душата и духот, до зглобовите и мозо­кот, и ги проценува мислите и намерите на срцето.

13. И нема создание сокриено за Него, туку сѐ е голо и откриено за очите на Оној пред Кого ние ќе одговараме.

14. Имајќи Го големиот Првосвеште­ник Кој преминал преку небесата, Исус, Синот Божји, ние треба да се држиме за исповедувањето на верата.

15. Зашто, ние немаме таков Прво­свештеник, што не може да сочувствува во нашите слабости, туку таков Кој ис­кусил сѐ како и ние, освен грев.

16. И така, слободно да пристапуваме кон престолот на благодатта, за да при­миме милост и да најдеме благодат за благовремена помош.

Евреите 4