Евреите 3:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. Христос, како Син, е верен во Бож­јиот дом. Негов дом, пак, сме ние, само ако слободата и надежта, со кои се фа­ли­ме, ги запазиме до крај.

7. Поради тоа, како што вели Светиот Дух: „Денес, ако го чуете гласот Негов,

8. не жесточете ги срцата свои, како во огорченоста на денот на искушувањето во пустината,

9. каде што татковците ваши Ме ис­ку­шаа, Ме испитуваа, иако ги гледаа делата Мои преку четириесет години.

10. Затоа се разгневив на тој род и ре­ков, секогаш се заблудуваа во срцата свои и не ги познаа патиштата Мои.

11. Па така се заколнав во Својот гнев дека нема да влезат во Мојот спокој.“

Евреите 3