Евреите 3:12-19 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

12. Браќа, гледајте, да не би во некого од вас, да има зло и неверно срце, та да отстапи од живиот Бог.

13. Туку храбрете се секој ден еден по друг додека сѐ уште се вели: „Денес“, та никој од вас да не отрпне преку измамата на гревот;

14. зашто ние станавме соработници на Христос. Само ако ја задржиме цврсто до крај првобитната цврста подлога;

15. додека се вели: „Денес, кога ќе го чуете Неговиот глас, да не отрпнат ср­цата ваши онака како кога се побунив­те.“

16. А кои беа тие што чуја и пак се по­бунија? Зар не беа тоа сите оние кои со Мојсеј излегоа од Египет?

17. Против кого негодуваше Тој че­ти­риесет години? Нели против оние што погрешија и чии коски останаа во пус­тината?

18. А на кои им се заколнал дека нема да влезат во Неговиот спокој ако не на оние, што беа непослушни?

19. И така, гледаме дека тие не можеа да влезат поради неверието.

Евреите 3