Евреите 13:21-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

21. нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!

22. Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.

23. Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.

24. Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.

25. Благодат со сите вас. Амин!

Евреите 13