Евреите 13:15-25 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

15. Преку Него, пак, секогаш да Му принесуваме на Бога пофална жртва, односно плод од усните што го прославуваат името Негово.

16. А добродетелството и милосрдноста не ги заборавајте, зашто такви жртви Му се благоугодни на Бога.

17. Покорувајте им се на учителите ва­ши и бидете им послушни, зашто тие, бидејќи се задолжени да одговараат, бдеат за вашите души, – та со радост тоа да го вршат, а не со воздишки, зашто тоа не е полезно за вас.

18. Молете се за нас, зашто сме уве­ре­ни дека имаме добра совест, грижејќи се во сѐ добро да постапуваме.

19. Уште повеќе ве молам да го вршите ова, та поскоро да се вратам меѓу вас.

20. А Бог на мирот, Кој преку крвта на вечниот завет Го воздигна од мртвите големиот Пастир на овците – нашиот Господ Исус Христос,

21. нека ве усоврши во секое добро дело за да ја исполните Неговата волја, вршејќи го во вас она што Му е Нему благоугодно, преку Исус Христос, Нему слава во вечни векови, Амин!

22. Ве молам, браќа, трпеливо примете го ова поучно слово: зашто накратко и ви напишав и испратив.

23. Знајте дека братот Тимотеј е ослободен, со кого, ако дојде навреме, ќе ве видам.

24. Поздравете ги сите ваши учители и сите светии! Ве поздравуваат браќата што се од Италија.

25. Благодат со сите вас. Амин!

Евреите 13