1. Взаемната љубов нека пребива меѓу вас!
2. Гостољубивоста не запоставувајте ја, бидејќи преку неа некои, и не знаејќи, им укажаа гостопримство на ангели.
3. Помнете ги затворениците, како да сте со нив затворени, и оние што страдаат, зашто и самите сте во тело.
4. Бракот да се почитува од сите, и брачното легло да се пази неосквернето; а блудниците и прељубниците ќе ги суди Бог.
5. Немојте да бидете среброљупци и задоволувајте се со она што го имате. Зашто Тој рекол: „Нема да те оставам, ниту, пак, ќе те напуштам“;