Евреите 12:18-29 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

18. Вие не пристапивте кон планината што може да се опипа и кон разгорени­от оган, кон облакот, и темнината, и луњата,

19. и кон трубниот звук, и кон гласот што зборуваше, чии слушачи молеа да не им се зборува веќе,

20. зашто не можеа да го истрпат она што им се заповедаше: „И ѕвер ако се допре до гората, со камења нека биде убиен.“

21. И толку страшна беше глетката, што и Мојсеј рече: „Треперам од страв!“

22. Но вие пристапивте кон Сион и градот на живиот Бог, небесниот Еру­са­лим, и кон безбројните ангели, на све­че­ниот собор,

23. кон собранието на првородените, кои се запишани на небесата, и кон Бо­га, Судијата на сите, и кон духовите на праведниците, што достигнаа совр­шен­ство,

24. и кон Исус, Посредникот на Новиот завет, и кон крвта за попрскување, која подобро зборува од Авеловата.

25. Гледајте да не Го отфрлите Оној Кој зборува. Зашто, ако не останаа неказнети оние, што откажаа да му слу­жат на оној што зборуваше на земјата, а колку повеќе ние, кои Го отфрламе Оној, Кој зборува од небесата

26. Чиј глас тогаш ја потресе земјата, а Кој сега ветува, зборувајќи: „Уште еднаш Јас ќе ја потресам не само земјата, туку и небото.“

27. Зборовите „уште еднаш“ озна­чу­ваат дека колебливото ќе се отстрани, та да остане само непоколебливото.

28. И така, примајќи го непоколебливо­то царство, да искажеме благодарност со која ќе Му служиме на Бога благо­угодно со почит и во страв,

29. бидејќи нашиот Бог е оган што из­горува.

Евреите 12