Евреите 12:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и грев, што лесно се при­лепува за нас, и со трпеливост да по­бр­заме кон претстојната борба,

2. имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

3. Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодуш­ни!

4. Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв.

5. И сте ја заборавиле утехата која вам, како на синови ви зборува: „Сине мој, не презирај ја казната од Господ и не биди малодушен кога те казнува,

6. зашто Господ го казнува оној кого што го сака; го кара секој син што го прима.“

Евреите 12