Евреите 12:1-4 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. Затоа и ние, имајќи толку многу сведоци, да отфрлиме од себе секакво бреме и грев, што лесно се при­лепува за нас, и со трпеливост да по­бр­заме кон претстојната борба,

2. имајќи Го пред очи Зачетникот и Довршителот на верата – Исус, Кој, поради Неговата идна радост претрпе крст, занемарувајќи го срамот, и седна од десната страна на престолот Божји.

3. Мислете на Оној Кој од грешниците претрпе над Себеси таква поруга, та да не ви дотегне, и да не станете малодуш­ни!

4. Во борбата против гревот уште не сте се противеле до крв.

Евреите 12