28. Со вера тој направи Пасха и попрскување со крв, та истребувачот на првородените да не се допре до нив.
29. Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се издавија.
30. Преку вера паднаа ѕидовите на Ерихон, откако беа обиколувани цели седум дена.
31. Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонаклоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.
32. И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Гедеон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци,
33. кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;
34. угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;
35. жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и „не прифатија да бидат ослободени“, за да добијат подобро воскресение;
36. а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и затвор;
37. со камења беа убивани, со пила сечени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –
38. тие, за кои светот беше недостоен – скитаа по пустини, по ридови, по пештери и јами во земјата.
39. И сите тие, иако примија сведоштво преку верата, сепак не го добија ветеното,
40. зашто Бог предвиде нешто подобро, та тие без нас да не примат совршенство.