Евреите 11:26-37 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

26. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, откол­ку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.

27. Со вера тој го напушти Египет не плашејќи се од царскиот гнев, зашто веруваше во Оној Кој не се гледаше, како да Го гледа.

28. Со вера тој направи Пасха и по­прс­кување со крв, та истребувачот на првородените да не се допре до нив.

29. Со вера поминаа преку Црвеното Море како по суво, коешто се обидоа и Египќаните да го преминат, но се изда­вија.

30. Преку вера паднаа ѕидовите на Ери­хон, откако беа обиколувани цели седум дена.

31. Со вера блудницата Раав не загина заедно со неверниците откако благонак­лоно ги прими извидувачите и ги изведе по друг пат.

32. И што уште да кажам? Зашто не ќе имам доволно време да кажувам за Ге­деон, Варак, Самсон и Јефтај, за Давид и Самоил и другите пророци,

33. кои преку вера победија царства, вршеа правда, добија ветувања, затворија усти на лавови;

34. угаснаа огнена сила, ја избегнаа острицата на мечот, од немоќни станаа крепки, станаа силни во војна, прогонија туѓи војски;

35. жени примија свои умрени воскреснати; други, пак, беа мачени и „не при­фа­тија да бидат ослободени“, за да добијат подоб­ро воскресение;

36. а други поднесоа подигрување и камшикување, па дури и окови и зат­вор;

37. со камења беа убивани, со пила се­чени, на искушенија подложувани, умираа убивани со меч, скитаа во овчи и козји кожи, во сиромаштија, во маки, во срам –

Евреите 11