Евреите 11:16-26 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

16. Но тие сакаа подобра, односно небесна татковина; затоа и Бог не се срами да се нарече нивен Бог; бидејќи им има приготвено град.

17. Авраам со вера го принесе како жртва Исака, кога беше искушуван; и тој, што го доби ветувањето, го принесе својот единствен син,

18. за кого му беше речено: „Потом­ството од Исак ќе се нарече со твое име“;

19. зашто тој сметаше дека е Бог силен и дека и мртви може да воскреснува и така да речам, го прими Исак воскреснат.

20. Со вера Исак го благослови Јаков и Исав за иднината.

21. Со вера Јаков на умирање го бла­гослови секого од синовите на Јосиф и „им се поклони, потпирајќи се на врвот од жезолот свој.“

22. Со вера Јосиф на умирање спомна за излегувањето на синовите Израилеви од Египет и им даде упатства за коските свои.

23. Со вера Мојсеј, откако се роди, три месеци беше криен од родителите свои, зашто видоа дека детето е убаво, и не се уплашија од царската заповед.

24. Со вера Мојсеј, кога порасна, се откажа да се нарече син на фараоновата ќерка

25. и повеќе сакаше да страда заедно со народот Божји, отколку да ужива во минливите гревовни наслади.

26. Страдањето заради Христос го сметаше за поголемо богатство, откол­ку ризниците на Египет; зашто предвид ја имаше наградата.

Евреите 11