Евреите 11:1-6 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

1. А верата е подлога за уверенос­та во она на кое се надеваме – убеденост во она што не се гледа.

2. Преку неа постарите добија све­доштво.

3. Преку верата разбираме дека ве­ко­вите се создадени со Божји збор и дека од невидливото произлегло видливото.

4. Со вера Авел Му принесе на Бога подобра жртва, од Каиновата; преку неа тој доби сведоштво дека е праведен, бидејќи Бог посведочи за неговите да­рови; преку неа, иако мртов, тој уште зборува.

5. Преку вера Енох беше преселен за да не види смрт; и не се најде, бидејќи Бог го пресели. Зашто пред преселувањето тој доби сведоштво дека Му уго­дил на Бога.

6. А без вера не е можно да Му се уго­ди на Бога; бидејќи оние кои доаѓаат кај Бога, треба да веруваат дека Тој постои и дека ги наградува оние што Го бараат.

Евреите 11