5. Зашто ова треба да го знаете: дека ниеден блудник, или нечист, или користољубец – кој е идолопоклоник, нема дел во царството на Христос и Бог.
6. Никој да не се мами со празни зборови; зашто поради нив доаѓа гневот Божји врз синовите на непокорноста;
7. затоа, не станувајте нивни соучесници.
8. Вие некогаш бевте темнина, а сега сте светлина во Господ: живејте како деца на светлината!
9. Зашто плодот на светлината се состои во сѐ што е добро, праведно и вистинито –
10. одлучете се за она што Му е мило на Бога!