Ефесјаните 5:19-23 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

19. Разговарајте меѓу себе со псалми и славословија и духовни песни, пеејќи и воспевајќи Го Господа во срцата ваши;

20. благодарејќи Му секогаш за сѐ на Бога и Отецот, во името на нашиот Гос­под Исус Христос;

21. покорувајте се еден на друг во стра­хо­почит Божји.

22. Вие, жените, покорувајте им се на мажите свои, како на Господ,

23. зашто мажот е глава на жената, како што е и Христос глава на Црквата, и Тој е Спасител на телото.

Ефесјаните 5