11. Не учествувајте во бесплодните дела на темнината, туку изобличувајте ги!
12. Зашто за она што го прават скришум, срамно е и да се зборува.
13. А сѐ што е изобличено, светлината го прави јавно; бидејќи сѐ што е јавно, светлина е.
14. Затоа е речено: „Стани ти што спиеш, воскресни од мртвите, и Христос ќе те осветли!“
15. Па така, внимавајте добро како живеете! Не како безумни, туку како мудри;
16. ползувајте го времето, зашто дните се лукави.