15. Туку со љубов држејќи се за вистината во секој поглед да растеме во Оној, Кој е глава, Христос.
16. Со Него целото тело е составено и склопено и сврзано преку сите дарувани врски, при дејството на секој дел, поради силите негови, нараснува за да се изградува во љубов.
17. Ова, пак, го зборувам и сведочам во Господ; да не живеете повеќе како што живеат и другите незнабошци, по суетата на својот ум;
18. помрачени во разумот, отуѓени од Божјиот живот поради нивното незнаење и тврдокорноста на нивното срце;
19. дојдени до бесчувство, тие се предадоа на разврат и ненаситно вршат секаква нечистота.
20. Но вие не Го познавте така Христа,
21. ако навистина сте чуле за Него и во Него сте биле поучувани – дека вистината е во Исус,
22. тогаш отфрлете го од себе стариот човек според вашето поранешно живеење, кој се распаѓа во измамливите желби,