Ефесјаните 2:6-11 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

6. и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,

7. за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.

8. Зашто по благодат сте спасени пре­ку верата; и тоа не е од вас – туку дар Божји!

9. Не е од дела, за да не се пофали не­кој.

10. Зашто ние сме Негова творба, создадени во Христос Исус за добри дела што Бог ги предодредил уште од порано да живееме во нив.

11. Затоа помнете, вие, кои некогаш по тело бевте незнабошци, и наречени не­обрезани од таканаречените обрезани со телесно обрезание, правено со раце,

Ефесјаните 2