3. меѓу кои и ние сите некогаш живеевме според телесните желби, извршувајќи ги похотите на телото и на помислите, и по природа бевме како и другите, чеда на гневот.
4. Но Бог, Кој е богат со милост, поради големата Негова љубов, со која нѐ засака,
5. иако бевме мртви поради гревовите наши, нѐ оживеа во Христа,
6. и нѐ воскресна со Него и нѐ постави на небесата во Христос Исус,
7. за да им го покаже на идните векови преизобилното богатство на Својата благодат во добрина кон нас преку Христос Исус.