3. Нека биде благословен Бог и Отецот на нашиот Господ Исус Христос, Кој нѐ благослови со секаков духовен благослов од небесата во Христос,
4. така што и нѐ избра преку Него, уште пред светот да биде создаден, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубовта,
5. предопределувајќи нѐ за посинување за Себе преку Исус Христос, зашто тоа Му беше по волја,
6. за да биде фалена славата на Неговата благодат, со која нѐ дарува преку Својот Возљубен Син,
7. во Кого имаме откуп преку Неговата крв, простување на гревовите по богатството на Неговата благодат.
8. Таа благодат Тој ни ја даде изобилно заедно со сета мудрост и разум,