31. А црквата по цела Јудеја, Галилеја и Самарија беше во мир, се изградуваше и живееше во страхопочит кон Господ, и растеше со утехата на Светиот Дух.
32. Петар откако ги обиколи сите, слезе и кај светиите што живееја во Лида.
33. Таму, пак, најде еден човек по име Енеј, кој цели осум години лежел на постела, зашто бил неподвижен.
34. И Петар му рече: „Енеј, тебе те исцелува Исус Христос. Стани и направи си ја постелата сам!“ И тој веднаш стана.
35. И го видоа сите што живееја во Лида и во Сарон, и се обратија кон Господ.
36. Во Јопија имаше една ученичка, по име Тавита, што значи срна; таа беше исполнета со милостина и добри дела, што ги правеше.
37. И токму во тоа време таа се разболе и умре. Тогаш ја измија и ја положија во горната одаја.
38. А бидејќи Лида беше близу до Јопија, учениците штом слушнаа дека е Петар таму, веднаш испратија двајца луѓе кај него, молејќи го да дојде до нив што побргу.
39. Петар стана и тргна кај нив. Кога пристигна, го одведоа во горната одаја. И дојдоа кај него сите вдовици, плачејќи и покажувајќи му ги ризите и облеките што ги беше правела Срна додека живееше со нив.
40. Петар, откако ги истера сите надвор, падна на колена, се помоли, па се сврте кон мртвото тело и рече: „Тавита, стани!“ И таа ги отвори очите свои, го погледна Петар и седна.
41. А Петар тогаш ѝ подаде рака и ја подигна. Тогаш ги повика светиите и вдовиците и им ја предаде жива.
42. И ова се разгласи по цела Јопија, и мнозина поверуваа во Господа.
43. А Петар престојуваше долго време во Јопија кај некој си кожар Симон.