6. нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.
7. И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свештеници ѝ се покори на верата.
8. А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.
9. Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините, на Киринејците и Александријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;