6. нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.
7. И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свештеници ѝ се покори на верата.
8. А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.
9. Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Либертините, на Киринејците и Александријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;
10. но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.
11. Затоа тајно подучија некои луѓе да речат: „Го чувме дека хули на Мојсеј и на Бога.“
12. Така го надразнија народот, старешините и книжниците. Потоа пристапија кон него, го зграпчија и го одведоа во Синедрионот.