Дела 6:2-10 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

2. Тогаш Дванаесетте, го свикаа целото мноштво ученици, и рекоа: „Не е добро ние да го оставиме словото Божјо и да послужуваме на трпезите.

3. Затоа, браќа, одберете меѓу вас седуммина чесни луѓе, исполнети со Дух и мудрост, па ќе ги поставиме на таа служба;

4. а ние целосно ќе ѝ се посветиме на молитвата и на службата на словото.“

5. Предлогот му се допадна на сиот на­род; па ги одбраа: Стефан, човек исполнет со вера и Дух Свети, Филип, Про­хор, Никанор, Тимон, Пармена, Нико­лај, еден новопридојден од Антиохија;

6. нив ги поставија пред апостолите, а тие, откако се помолија, ги положија рацете над нив.

7. И така, словото Божјо се ширеше, и бројот на учениците во Ерусалим се зголемуваше; и големо мноштво свеш­теници ѝ се покори на верата.

8. А Стефан, исполнет со вера и сила, правеше големи чудеса и знаци меѓу луѓето.

9. Тогаш се кренаа некои припадници на синагогата, наречена синагога на Ли­бертините, на Киринејците и Алек­сандријците, како и на оние што беа од Киликија и Азија, и почнаа да се препираат со Стефан;

10. но не можеа да се спротивстават на мудроста и Духот со кои тој зборуваше.

Дела 6