Дела 5:29-33 Свето Писмо: Стандардна Библија 2006 (MK2006D)

29. А Петар и апостолите одговорија и рекоа: „Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога отколку на луѓето.

30. Бог на татковците наши Го воскресна Исуса, Кого вие Го погубивте, при­ковувајќи Го на крст.

31. Бог со десницата Своја Го возвиси Него, Зачетникот и Спасителот, за да му даде покајание и простување на гре­вовите на Израил.

32. За тие зборови сведоци Негови сме ние и Светиот Дух, Кого Бог им Го даде на оние што Му се покоруваат.“

33. Кога го слушнаа тоа, тие се разлу­ти­ја и мислеа да ги убијат.

Дела 5